Планински тури на Водно и Матка за Светскиот ден на планината

Планински тури на Водно и Матка за Светскиот ден на планинатаПланирани се три пешачки тури. Првата стартува во 7 часот, кај училиштето „Кочо Рацин“, а панинарите ќе се движат по планинарската патека: Скопје – Водно – Матка, за што се потребни 5 часа пешачење и се обезбедени водачи на планина.

Втората рута е планинарската патека Матка, Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа (3 часа пешачење), а стартно место е манастирот„ Св. Богородица“ во 9.30 часот.

Третата пешачка тура трае еден час, од манастирот Света Богородица-Свети Андреја-Кањон-Матк, со старт 11 часот. Овде постои можност за посета на пештерата „Врело“ со чамец, зависно од временските услови.

Како што соопштија од ФПСМ, тие се  придружуваат кон одбележување на овој ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во заштита на природата.