Во кафе и филм „Котур“ денес од 12 часот ќе има проекција на филмот „Малиот гангстер“ од 2015 година, во режија на Арне Тоонен и Арент Џек.
Се работи за холандски семеен филм, т.н. „гангстерска комедија“, синхронизиран на македонски јазик.
Проекцијата е дел од серијалот филмови кои „Котур“ ги прикажува во својот кино-простор. Филмовите се поделени во пладневниот семеен термин и навечер од 20 часот, кога до 31 октомври се најавени и „Хотел Југославија“, „Височините“, „Хармс“, „Копек“, Уште еден сон, „Хотел Гагарин“…