Писмо до студентите од претседателката на Европската студентска унија

Елизабет Герке (Elisabeth Gehrke) претседателката на Европската студентска унија (ЕСУ) ги претстави своите приоритети и работата на која ќе се фокусира во иднината, веднаш по почетокот на нејзиниот мандат во писмо до студентите во Европа.

Писмо до студентите од претседателката на Европската студентска унија

„Драги студенти,

Многу сум среќна што Ви пишувам директно. Знам дека илјадници луѓе ќе го прочитаат ова писмо и за тоа сме благодарни. Би сакала да им се заблагодарам на оние кои се обратија за темите на кои се фокусираме преку повик, електронска пошта или социјалните мрежи. Ние силно веруваме во дијалогот со сите во секторот и сме среќни што ова писмо може да игра улога во тоа.

Сакам да ја искористам можноста да кажам неколку работи. Во ова време, правилата за иднината на високото образование во Европа се менуваат. Влијанието на Европската унија врз правилата за образованието се зголемува и иднината на болоњскиот систем не е сигурна. Ова носи нови предизвици за Европската студентска унија како организација и студентското движење во целост. Развитокот на ЕСУ честопати одговарал со европските структури и би рекла дека нашиот потег на префрлување во нова канцеларија не е случаен и нè става поблиску до европските институции.

Истовремено, постојат поголеми проблеми кои чукаат на вратата на Европа. Се соочуваме со реалноста во која Европската комисија е помалку застапена од претходната група. Ова е жално во време кога скептицизмот кон Европскиот проект расте. Сите организации, посебно оние кои работиме на европско ниво, ќе имаат одговорност да учествуваат во дијалогот за Европа која сакаме да ја имаме.

Моите први денови во канцеларијата на шведскиот остров Готланд посветувајќи се на политичката недела „Алмаделен“. Овој еднонеделен настан е тестамент за демократија. Прекрасно е да се донесат политички партии, медиуми, невладини организации и многу други на исти место за да дискутираат. Меѓутоа, застрашувачко беше присуството на секоја националистичка партија, како и две неонацистички организации. Нивното присуство беше поголемо од било кога претходно и заканувачко, не само за демократската природа на состанокот, ами и до моите колеги и пријатели кои имаат различна боја, посебно доколку бидат гласни. Ова не е единствен инцидент, ами микрокосмос на ситуацијата со која се соочуваме во Европа денес: не може да ја игнорираме оваа ситуација.

Европската студентска унија ќе продолжи да биде силен глас на студентите и експертите во областа на високото образование. Нашата визија е да се добијат еднакви образовни и социјални можности во отворена и демократска Европа кадешто студентите ја обликуваат безбедната и еколошка иднина.“

Извор: Еsu-online/Факултети