Писателите утре ќе се сретнат со Џон Ралстон Сол, претседател на меѓународниот ПЕН

Во Друштвото на писателите на Македонија утре во 18 часот ќе се одржи средба со Џон Ралстон Сол, претседател на Меѓународната писателска асоцијација ПЕН и едно од водечките имиња на светската литература и есеистика.

Претставници на Македонскиот ПЕН и на Друштвото на писателите на Македонија со него ќе разговараат за местото и улогата на писателите во актуелните случувања во светот и за состојбите во Меѓународниот ПЕН. На средбата ќе биде претставена неговта книга „Несвесна цивилизација“ која деновиве беше објавена на македонски јазик.

Џон Ралстон Сол е истакнат канадски писател и есеист. Дебитира со романот „Грабливи птици“ во 1977 година. Потоа често патува во Африка и Југоисточна Азија при што ја создава романескната трилогија „Полето“. За време на своите престои во Африка и во Југоисточна Азија, Сол бил сведок на владината супресија на слободата на изразување од која страдале неговите колеги писатели. Од 2009 година Џон Ралстон Сол е претседател на Меѓународната писателска асоцијација ПЕН.

На свеченост синоќа во Охрид на Сол му беше врачена годинашната Светска награда за хуманизам.