Македонската режисерка Теона Стругар Митевска ја доби наградата за режија за филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, на штотуку завршениот филмски фестивал во Минхен, Five Leakes Film festival.
„Петрунија“ беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа.
Жирито е составено од филмски професионалци, филмски новинари, како и публика и институции, кои едногласно одлучија наградата за режија да и припадне на македонската режисерка.
Наградата е парична и во износ од 5000 евра, а се доделуваат од страна на локалната самоуправа.
Германската дистрибуција на Петрунија започнува во ноември.