ПЕТА го прогласи Жоакин Феникс за „Личност на годината“

Ѕвездата на филмот „Џокер“, Жоакин Феникс е прогласен за „Личност на годината“ за 2019 од Здружението за заштита на животните ПЕТА.

Феникс е веган од тригодишна возраст и е долгогодишен поддржувач на организациите за права на животните.

„Благодариме што никогаш не молчиш за животните“, напишаа од ПЕТА на Твитер.

Неодамна тој се појави во кампања на ПЕТА, барајќи да запрат патувачките циркуси со диви животни.

Ова признание досега го добиле Папата Францис, Опра Винфри, Анџелика Хјустон, Оливиа Мун, Ева Мендез и Алиша Силверстон.