Пет дена алтернативен театар – Лица без Маски

На вчерашното затворање на театарскиот фестивал Лица без Маски, разговаравме со директорот на фестивалот, Миодраг Костиќ, со режисерот Фабио Омодео и младите актери кои играа во представата „Убиј ги децата“ која ја доби наградата за најдобра представа на фестивалот.

Со Костиќ разговаравме за неговите импресии од изминатите неколку денови, за целите на фестивалот, како и за неговата визија за иднината на фестивалот. Тој смета дека во фестивалот има капацитет да се претвори во една многу поголема и попрепознатлива културна манифестација, на која Скопје во текот на цел еден месец ќе живее само за Лица Без Маски:

Izjava Mio Kostik – Lica bez maski by Radio Mof Music on Mixcloud

Со Омодео, авторот и режисерот на „Убиј ги децата“ и актерите кои ја одиграа представата разговаравме пред церемонијата на која се доделуваа наградите. Од нив дознавме каков бил процесот на подготвување на премиерата, какви се нивните импресии од премиерата, и зошто решиле да го истражуваат токму страдањето на децата преку нивната представа:

Fabio Omodei izjava by Radio Mof Music on Mixcloud

Вчера ја проследивме и представата на „Создава. Глуми. Ужива.“ , со наслов „Ова е моето тело. Повели во моите мисли“. На претставата преку интерпретативен танц, гестови, видео презентации и кондензиран дијалог, актерките Диана Булуга и Ралука Лупан комуницираа меѓу себе и со публиката. Пораката која ја испратија е дека нашите тела не прават на многу начини исто толку уникатни колку и нашите умови, и кои играат еднаква улога во градењето на нашиот идентитет.

Атанас Димитров