„Песни и звуци од чудната шума“ на 17 јули во Сули ан

Во Сули ан во Старата скопска чаршија на 17 јули (петок) од 20:30 ќе има „Песни и звуци од чудната шума“ на групата „ВИС Тркалезна маса”.

Настанот е во склоп на „Скопско лето“, во соработка со „Денови на македонска музика 2020“ и СОКОМ.

„Проектот ‘Песни и звуци од чудната шума’ е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за деца. Среде старата скопска чаршија, преку музички пејзажи публиката ќе се воведе во амбиентот на шумата, а ќе се читаат најнови песни за деца, најголемиот дел неодамна објавени во е-списанието ‘Чудна шума’“, стои во најавата за настанот.

„ВИС Тркалезна маса” е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции”. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан).

Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални”, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа.

Настапуваат: Ана Голејшка Џикова – вокал, Ѓоко Здравески – вокал, Владимир Лукаш – гитара, мелодика, Васко Марковски – мандолина, мандола, Деан Шкартов – хармоника, сајзер, Душан Кировски – гитара , Перо Сарџоски – кавал, џембе, Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки, Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти, Круме Стефановски – кахон, Тома Димовски – деф.

Повеќе инфо за билетите и протоколите ТУКА.