Перформанс во Охрид и Струга – сакавме да упатиме порака за здрав живот, а не да предизвикаме паника

Сакавме да упатиме порака за здрав живот, а не да предизвикаме паника велат младите луѓе кои како починати лежеа во охридската чаршија.

Перформанс

Перфомансот кој пред два дена предизвика голем интерес и паника во Охрид, кога триесет млади луѓе легнаа долж чаршијата не е ништо друго туку обичен перфоманс преку кој овие млади луѓе сакале да упатат порака за здрав живот, а со тоа да ја подигнат и јавната свест помеѓу населението против нездравиот начин на исхрана, објави НОВА. Истото им го презентираа и на граѓаните и туристите во Струга. Проектот насловен „Стани Европски здрав готвач“ е подржан од Европската комисија преку Еразмус плус програмата. Во него учествуваат 30 млади луѓе од 6 различни држави.

„Паниката која што се крена околу ова е непотребна.Она што беше направено во Охрид беше еден вид проба за она што го направивиме во Струга. Сакавме да видиме колку нашиот перфоманс ќе привлече внимание и во Охрид. Со нас имавме чипс и кока кола и врз основа на тоа сакавме да ја испратиме пораката дека лошата исхрана му наштетува на здравјето. Поделивме јаболка на локалните жители на Струга. Не станува збор за ништи друго , туку за дружење и неформална едукација“, рече Емир Слезовиќ координатор на проектот

Помеѓу учесници во перфомансот беа млади лица од Македонија, Чешка, Украина, Србија , Романија.

Извор: НОВА