Пчелите бумбари и официјално се прогласени за загрозен вид во Америка

Благородните и ретки пчели од видот бумбари официјално се на листата на загрозени животни. Тие можеа да се најде во 28 држави, а сега се првите пчели од континенталниот дел на САД што се додадени на листата на загрозени видови.

Населението се намали за 90 отсто од почетокот на 1990-тите години, а дел се уште може да се најдат во 13 држави. Тоа се должи на комбинацијата од повеќе фактори, вклучувајќи ги климатските промени, пестицидите и загубата на живеалиштата, изјави федералниот официјален претставник за Њујорк тајмс.

Нејзиното име доаѓа од црвеникавите дамки на стомакот. Институтот Ксерзес за заштита на безрбетници претходно ја замоли амриканската влада да им даде заштита на пчелите, истакнувајќи дека пчелите бумбари се клучни за запрашување на цвеќињата и за една третина од житните култури на нацијата.

Владините научници сметаат дека одреден вид на пестициди наречен „неоникотиноид“,  кој нашироко се прска врз земјоделските култури, тревници и градини, е особено штетен за овие пчели.

Сега, откако владата ги стави пчелите бумбари на листата на загрозени видови, според Законот, таа е обврзана да ги заштити и да ги поврати загрозените видови и екосистемите од кои зависат.