Paper girl изложба во Тетово

Вчера во Центарот за балканска соработка Лоја во Тетово беше организирана завршната изложба од целогодишниот проект „Paper girl“.

Paper girl изложба во Тетово

Paper girl е светска кампања за изработка на стенсили, предмети, елементи кои се изработуваат од старите искористени најлонски кеси, шишиња, хартија и истите се искористуваат повторно.

Paper girl изложба во Тетово

Акцијата Paper girl во Тетово ја спроведуваше германката Ана Пиц, која го пренесе своето искуство. На изложбата можеа да се видат цртежи, стенсили, материјали кои беа изработени од поголема група на пред се млади тетовци, изминатите месеци.

По завршувањето на изложбата, изложените материјали ќе бидат поделени на граѓаните на Тетово низ заедничка акција на членовите на Лоја и Младински образовен форум – Тетово.

Б.К.