Панк журка вечерва во „Дуња“ со „Хајка“ и „Псевдопрофитес“

Македонскиот бенд „Лајка“ и грчкиот „„Псевдопрофитес“ вечерва (18 јануари) од 20 часот ќе имаат заедничка свирка во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје.

„Хајка“ е скопски пост панк бенд кој постои од минатата година и го сочинуваат Теодор Атанасовски, Александар Атанасовски, Бојан Таневски и Филип Лафазановски.

„Псевдопрофитес“ (Ψευδοπροφήτες – во превод: лажни пророци) се формирани 1996 во Солун и свират панк/ хардкор/ метал музика на грчки, со текстови кои ги изразуваат агониите на жителите на современите урбани центри и го критикуваат авторитарното општество и структури.

„Од пред повеќе од 10 години свират исклучиво во социјални центри, сквотови (окупирани напуштени куќи) и воглавно места кои поддржуваат некомерцијален пристап кон музиката. Свирејќи во Македонија во време на загреан национализам од сите страни сакаат особено да испратат порака дека името, границите и договорите меѓу државите нема да успеат да не поделат, бидејќи имаме многу повеќе заеднички нешта отколку причини за делба“, стои во најавата за настанот.

Влезот ќе биде на препорачана донација за артистите.