Отворено писмо од академската заедница до пратениците

Голем број професори, академици, научни работници се потпишаа на отвореното писмо упатено до пратениците во Собранието во кое ги повикаа да ги отфрлат измените во законите за високото образование.

Писмото го пренесуваме интегрално:

„Пред вас наскоро ќе се најдат предлог-закони за измени и дополнувања на законите вообласта на високото образование, како и нови предлог-закони чија содржина енергично ја отфрлија или, во најмала рака, суштински ја оспорија оние што тие закони најмногу ги засега т – студентите и универзитетските учители. Ви се обраќаме за да ве повикаме да ја запрете понатамошната постапка и за да нè сослушате пред да донесете одлука што може скапо да нè чини и нас, и вас и целокупното наше општество.

Имено, пред вас наскоро ќе се најдат предлог-закони што се оспорија на стручни расправи и со прогласи во јавноста и против кои на улиците гласно и видливо се изјасни десетилјадна поворка од студенти и учители, откако предлагачот ги пренебрегна нивните повици за суштински разговор, кој мора да се води врз основа на издржани анализи и наоди, поткрепени со докази.

Тоа се предлог- закони за чиј концепт и за чии текстови предлагачот во кратки рокови побара мислење од единиците на универзитетите и кои мнозинството од нив недвосмислено ги отфрлија како противуставни, нехумани, штетни, скудно и противречно составени, како полни со недоследности и со нелогичности, како неспроводливи и, најважно од сè, како средства за конечно уривање на универзитетската автономија.

Меѓу другото, студентите и академската заедница побара да се напуштат тамошните решенија и да се одложи донесувањето на овие закони, а постапката да се врати на почеток за да се стави на здрави нозе и заеднички со студентите и со академската заедница да се согледа т корените и причините за проблемите во високото образование, и тоа со анализа во која ќе се вклучат сите фактори за да може да се дојде до најделотворните решенија за нашиот високо бразовен систем со сосема нов закон.

Но, предлагачот и Владата не ги сочека ниту овие мислења и, пред во пшто да измине рокот што самите им го дадоа на универзитетите, ги усвоија предлозите и ги проследија во собраниска процедура. Против овој чин јавно, со име и презиме, се изјаснија и над стотина универзитетски учители, а, еве, денес нивниот број многукратно се зголеми.

Кон овие повици, со лични јавни дописи и со писма потпишани групно, се придружија осумдесетина од највидните светски мислители и филозофи, кои предават на најугледните светски универзитети.

Затоа, со оглед на гласноста и на многубројноста на овие недвосмислени пораки, ве повикуваме да го примените основното начело на демократијата – да го сослушате гласот на засегнатите страни.

Отука, ве повикуваме да не ги донесувате овие предлог-закони со кои, да наведеме само неколку начелни забелешки, се воведува концепт на државен испит каков што не познава ниту една цивилизирана држава во светот и кој задира во автономијата на универзитетите; со кои се задира во определувањето на студиските и на предметните програми, кои секаде во светот, по правило, слободно ги изготвува т самите установи и наставниците; со кои министерот во која и да е влада, сегашна и идна, кој е политички именувано лице, ќе дава согласност за рецензентските комиси за избор во звање на наставниот кадар во разни научни области, целосно уништувајќи ја автономијата; со кои се наметнува користењето одредена преведена или каква било литература, иако на сите светски универзитети цивилизираната државатоа не сме да го прави; со кои би се применувале нелогични решенија неспојливи со разнородните научни дисциплини; со кои се обезвреднува т јазиците што се говорат во Република Македонија и другите светски јазици за сметка на англискиот; со кои по автоматизам би се обезвредниле индивидуалните постигнувања на кандидатите од еден универзитет единствено врз основа на педигрето на друг универзитет, наместо со вреднување на личното постигнување, по силата на множество критериуми. Списоците со вакви забелешки се огромни и патуват до предлагачот, но предлагачот не ги ни сочека…

Познавајќи ги одредбите на Деловникот на Собранието, посегнавме по процедурален чекор:

1. Ги повикавме членовите на Комисијата за образование, наука и спорт во својот Извештај да го отфрлат Предлогот и да утврдат дека нема потреба од натамошно читање. Сепак, иако уредно побаравме присуство, претседателот на Собранието не нѐ повика.

2. Очекувавме Законодавно-правната комисија, раководена од неусогласеноста на Предлогот со Уставот – да го отфрли, но и тоа не се случи. Затоа, сега.

3. Ги повикуваме пратениците, по општата расправа, да одлучат да се прекине со натамошното читање и со постапката, со што ќе оневозможат поднесување нов предлог во рок од три месеци.

4. Доколку не го сторат ова што го сугерираме, бараме од Собранието, по општата расправа, да донесе одлука за организирање јавна дебата, во чија функција ќе го објави Предлог- законот во дневниот печат, ќе собере мислења и предлози и ќе подготви извештај.

5. Се надеваме дека во второто читање, врз основа на јавната дебата, пратениците, матичната комисија и предлагачот ќе посегнат по бројни амандмани што ќе ги одразат барањата на засегнатите страни, иако остануваме со длабоко уверување дека само нов закон може да биде со дветна правна рамка за суштински и квалитетни реформи.

6. Ако Собранието изгласа закони по мерка на Владата, односно на партите, а не според потребите на засегнатите страни и на граѓаните, докрај ќе си го урне легитимитетот, кој му е веќе поткопан, и ќе се потврди како партиска школа, наместо како школа на демократијата. На тој начин ќе докаже дека заборавило дека легитимитетот извира од нас, од народот.

7. Конечно, последното процедурално средство е претседателското вето. Ако претседателот на Република Македонија, кој милува да ги учи и да ги повикува младите лидери на донесување храбри одлуки, не собере храброст барем сега да каже не и не посегне по ветото, ќе
го загуби не само својот политички легитимитет туку и професорското и моралното достоинство и интегритет.

8. Нам ни останува граѓанскиот отпор.Ве повикуваме да ги послушате нашите заложби и така да избегнете предизвикување инаков облик на отпор – граѓанска непослушност, која е легитимна во филозофијата и во историјата на правото, и која им е својствена на делата и на дејствата на многумина пред нас. Им се обраќаме на пратениците во нашиот законодавен дом, а не на угнетувачи-туѓинци.

Со почит, членовите на академската заедница во Република Македонија”.