[Отворено] Дебата за оставката на премиерот и приоритетите на преодната Влада

Оставката на премиерот и приоритети на преодната Влада е темата на новото издание од дебатната емисија Отворено. Во неа дискутираат: Петре Шилегов, пратеник и претседател на собраниската анкетна комисија за скандалот со прислушувањето; Имер Селмани, поранешен вице-премиер, министер и градоначалник; Сашо Ордановски, новинар, публицист, политички аналитичар и Сашо Клековски, политички аналитичар.

Во дискусијата учествува публиката, а пријавувањето за учество може да се направи преку следниот линк:http://goo.gl/26sAVs  или на 077 508 843.

Дел од темите кои може да се отворат на дискусијата се:

– Како до системски решенија што ќе превенираат слични политички кризи во иднина?
– Може ли македонската политичка елита самостојно, без странска интервенција, да решава за клучните предизвици на државата?
– Има ли доволно време да се исполнат клучните реформски приоритети за слободни, фер и кредибилни избори во април?

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани. ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).