[Отворено] Бегалската криза во Европа и предизвиците за Македонија

Може ли Македонија да се справи со напливот од бегалци и мигранти на своите граници, додека Европа започна да ја спушта „рампата“? Што е поприоритетно, справување со хуманитарниот предизвик или со безбедносните ризици? Може ли да се менаџира со двата процеси одеднаш Дали е неопходна итна заедничка меѓународна стратегија за решавање на кризата, односно дали „ако не се држиме заедно ќе висиме одделно“?

Ова се само дел од прашањата кои ќе се дискутираат на ТВ дебатата „Отворено“, која ќе се емитува на 30 ноемри (понеделник), со почеток од 20:45 часот на ТВ 24 Вести.

Со граѓаните ќе дебатираат Сузана Салиу, директорка на Центарот за управување со кризи, поранешна потпретседателка на Собранието на Република Македонија и заменик народен правобранител, д-р Трпе Стојановски, професор на факултетот за безбедност, поранешен директор на регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција-МАРРИ, Митко Кипровски, експерт за азил и миграции во Здружението на млади правници и советник на проект на УНХЦР за бесплатна правна помош и Мерсиха Смаиловиќ, активист и хуманист при НВО Легис.

Вашите прашања, аргументи и мислења споделувајте ги на#отворено.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум, Млади Европски Федералисти на Македонија, финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД).