Отворена „Слободна зона“ во Белград на новиот протест „1 од 5 милиони“

Синоќа во Белград се одржаа 22-те анти-владини демонстрации „1 од 5 милиони“, на која граѓаните по протестниот марш формираа таканаречена „Слободна зона“ пред српското претседателство и најавија дека секоја вечер на тоа место ќе читаат „слободни вести“, пренесе Н1 ТВ.

На протестот беше упатена симболична поддршка за сопственичката на новосадскиот Канал 9, Маја Павловиќ, која штрајкува со глад пред зградата на Регулаторното тело за електронски медиуми.

Во паркот пред претседателството беше подигнат и шатор во кој е предвидено секојдневно да дежура некој од претставниците на опозицијата и да разговара со граѓаните.