Отворен повик за младинска размена во Јапонија

Студенти на возраст од 20 до 25 години кои сакаат да патуваат во Јапонија, може да се пријават на новиот отворен повик за учество на младинска размена.

Станува збор за програмата MIRAI на Министерството за надворешни работи на Јапонија. Идејата на младинската размена е студентите да ги прошират своите знаења и искуства за оваа земја.

Краен рок за аплицирање е 22 февруари.

Повеќе информации за повикот и критериумите се достапни на веб-страницата на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) на следниот ЛИНК.