Отворен е конкурсот за „Наградата за социјално претприемништво 2016“

Од денеска до 27 април ќе биде отворен е конкурсот за „Наградата за социјално претприемништво за 2016 година“, кој по втор пат ќе се организира во земјава.

Најдобрите десет идеи ќе добијат бесплатно менторство и процес на инкубација. Најдобрите три решенија пак ќе бидат наградени со парични награди во висина од 3000, 2000 и 1000 евра. Како што појаснуваат од МладиИнфо, покрај паричните ќе биде доделена и една дополнителна награда од заедницата за тимот кој ќе добие дополнителна поддршка во развивање на идејата.Четирите најдобри тимови ќе добијат и бесплатно патување во Виена.

Целта на програмата е зголемување на интересот меѓу младите во областа на социјално претприемништво, но и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси како можност за развој на сопствена кариера.

Наградата за социјално претприемништво“ се доделува во 12 европски земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.