Машинскиот Факултет во Скопје во сабота (13 мај) ќе организира отворен ден за сите средношколци каде тие ќе можат да се запознаат со новите наставни програми кои за прв пат ќе започнат да се изучуваат од академската 2017/18 година.
Со почеток во 11:30 часот, во кругот на Машинскиот Факултет идните студенти ќе имаат можност да ги разгледаат просториите на факултетот, да се запознаат со наставниот кадар, да ги разгледаат лабораториите со што ќе можат да се запознаат со тековните научно-истражувачки проекти.
Настанот ќе биде збогатен со присуство на едно летало од воздушната флота на Пилот тренинг центарот (PTC) кој врши обуки за пилоти во чии рамки ќе биде презентирана нивната програма. Присутни ќе бидат и повеќе национални компании со презентација на своите брендови и услуги, а генералниот застапник на Мерцедес и Мицубиши во Македонија одблизу ќе го покаже своето тест електрично возило.
Организаторите годинава најавија и интересна музичка програма со познатите ДиЏеи Гоце Саф и Чваре. За присутните матуранти на Отворениот ден, Машински факултет организира и изненадување при кое двајца најсреќни ќе имаат можност да освојат лаптоп компјутер.