„Отворен час“ со Жаклина Петровска во „Јавна соба“

Десеттиот по ред „Отворен час“ ќе се одржи во среда (13 февруари) од 19:30 часот во „Јавна соба“, а гостинка е актерката Жаклина Петровска.
Избраната темата за овој час е важноста на гласовната техника на актерите, дишењето и правилното користење на гласовниот апарат.

„Жаклина работи како актерка во ‘Театар Комедија’, а пет години работела и како демонстратор на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, по предметот Сценски говор со техника на глас, поради што и ја поканивме да биде наша гостинка-предавач за овој час“, велат организаторите на настанот, „Театар за сите“.

Од таму потенцираат дека часот ќе биде практичен, со вежби и игри за правилно дишење, проекција на глас, заради што и бројот на местата е ограничен.

Според „Театар за сите“, принципот на селектирање на учесниците е „прв пријавен – прв услужен“. Заинтересираните треба да испратат име и презиме на eлектронската адреса teatar.za.site@gmail.com и да очекуваат повратна информација.