Отворен час со „Театар на Навигатор Цветко“ и прослава на вториот роденден

Театар за сите го одбележува својот втор роденден и по тој повод, освен забава, го организира и првиот Отворен час за оваа академска година.

Гости се актерите од „Театар на Навигаторот Цветко“: Наталија Теодосиева, Ивана Павлаковиќ, Симона Димковска, Владимир Петровиќ, Стефан Вујисиќ, Горан Ников и Мартин Манев.

Ќе се зборува за Кино Култура, за претставите на овој театар, за состојбите на македонскиот театар, независната и институционалната сцена, за тоа што значи да се биде млад актер…

Влезот е бесплатен, но потребно е претходно да се регистрирате на teatar.za.site@gmail.com, со име и презиме.

Отворениот час ќе се одржи во среда од 19.00 часот, на поткровјето во Јавна соба.

„За овие две години, на редовните часови во театар за сите имавме над 60 посетители. Отворените часови ги посетиле над 300 љубители на театарската и филмската уметност. Се надеваме дека ќе продолжиме со полна пареа и оваа година, уписите почнуваат на 6.септември“, велат организаторите.