Отворање на изложбата „Schizomechanics” на ОПА во Холандија

Во петок (12 септември) во Галеријата „Хотел Марија Капел” во Хорн, Холандија, ќе се отвори изложбата „Schizomechanics” на групата ОПА, која ја реализираат уметниците Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски.

изложбата "Schizomechanics" на ОПА

Изложбата е резултат на едномесечниот престој на ОПА во центарот за современа уметност „Хотел Марија Капел” и е воедно дел од проектот „OPA Professional”.

Според најавите, на неа ќе бидат претставени шест монументални цртежи создадени во Хорн, кои реферираат на творештвото на ситуационистот Џузепе Пино-Галицио.

Кураторка на изложбата е Irene de Craen, а поставката ќе биде отворена за посетители до 11 октомври.