Отстранети 9.8 тони опасни хемикалии од кругот на фабриката „Охис“

Од кругот на фабриката „Охис“ вчера се отстранети, односно, извршен е утовар на опасен хемиски отпад, 4.6 тони хемикалии со познат состав и 5.2 тони хемикалии со непознат состав, во камиони кои ги исполнуваат соодветните услови за транспорт на опасен отпад, информира Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

За ваквата активност, тие велат дека биле известени сите компании кои вршат дејност, па оттука, во текот на утоварот бил воспоставен посебен режим и забрани за движење на лица и возила во кругот на фабриката.

„По утоварот се изврши царинската постапка за извоз и отпадот се упати кон постројката за уништување во Франција. Државниот инспекторат за животна средина констатираше дека постапката на отстранување на отпадните хемикалии во кругот на ОХИС АД во стечај беше успешно завршена“, стои во соопштението на ДИЖС.

Успешно отстранети опасните хемикалии од кругот на ОХИС

На 19-ти февруари, во кругот на ОХИС, се изврши утовар на…

Posted by Државен инспекторат за животна средина on Saturday, February 20, 2021

Во октомври минатата година пак, од фабриката „Охис“ беше отстранет винил хлорид мономер кој беше пренесен во Германија.