Откриена најголемата плантажа со марихуана во Шпанија

Шпанската полиција ја откри најголемата плантажа со марихуана на југоистокот на Шпанија, во градот Албасете. Како што јавуваат европските медиуми, на плантажата биле засадени околу 75.000 растенија канабис со вкупна тежина од пет тони. Таа е откриена среде фарма со површина од три хектари.

Освен засадената марихуана, полицијата запленила и 155 килограми пакувана и подготвена за продажба марихуана , најверојатно наменета за пазарот во Барселона.

Во акцијата се уапсени и шест лица, двајца Шпанци, тројца мароканци и Литванец. Како што пренесуваат шпанските медиуми, оваа плантажата би можела да биде и најголемата во Европа.