Откажан концертот на Шон Пол, организаторите најавуваат нов датум

„Fusion Production“ соопштува дека нема да се одржи денешниот концерт на хип-хоп и реге музичарот Шон Пол, кој требаше да настапи на Стадионот на АРМ во Градскиот парк.

„Причината за откажувањето на концертот, и покрај тоа што речиси целата екипа на Шон Пол вчеравечер пристигна во Скопје, е тоа што Шон Пол, за жал, поради технички причини денес беше спречен да се качи на закажаниот лет од Лондон. Со оглед на неговите веќе закажани ангажмани и покрај нашите напори концертот да се помести за утре (24 август) не успеавме да најдеме решение, затоа новиот датум ќе биде соопштен дополнително“, соопштија од „Fusion Production“ на Фејсбук.

Од организацијата велат дека сите оние кои купиле влезници, истите ќе можат да ги зачуваат за новиот датум, кој ќе бидат соопштен дополнително, или да си ги вратат средствата.

Инаку, на официјалниот сајт на Шон Пол во моментот на објавување на веста се уште стоеше закажаниот датум за настап во Скопје.

Принтскрин од сајтот на Шон Пол