За утре (26 август) е најавено ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно со почеток во 19:30 часот.
Организаторите посочуваат дека настанот е со јавен карактер и дека на вечерната прошетка може да учествуваат сите кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот крст. Патеката е долга околу 5 километри и потребно е 1:30 до 2 часа пешачење, со една пауза на Средно Водно од пет до десет минути.
Собирно место е пред “ОУ Кочо Рацин” во 19:15 часот, а групата ќе се врати на истото место околу 12 часот на полноќ.
Сите заинтересирани е потребно со себе да понесат соодветни чевли за пешачење, фенерче, резервна маица, вода, овошје и храна по избор, ранец, фотоапарат и пари за чај.
Повеќе информации можете да најдете на следниов Фејсбук ЛИНК.