Осмо издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“

Осмото издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ годинава ќе се одржи на 1 септември пред Младинскиот културен центар во Скопје, а под мотото „new music first“.

Организаторите ги објавија првите изведувачи во вечерната програма: Cigarettes After Sex (САД), Wooden Shjips (САД), Repetitor (Србија), Blanck Mass (Англија), Camera (Германија) и Eric Copeland (САД). Останатите изведувачи ќе бидат најавени во претстојниот период.

Годинава е најавена „Јуниор програма“ со 5+ бенд која почнува напладне.

Билетите  веќе се во продажба, a можете да се набават преку продажната мрежа на MkTickets и на билетарницата во МКЦ.