„Ослободи ја идејата” – ден за младински активизам, идеи и учество

„Ослободи ја идејата” е еднодневен настан кој инспирира младински активизам преку претставување на успешни примери за граѓански акции. Настанот ќе се одржи на 21 април, во Дом на АРМ, со почеток во 17 часот.

Пред присутните ќе говорат Даница Павловска – архитект и граѓански активист (Иницијатива „Го сакам ГТЦ”), д-р. Ненад Марковиќ– доцент на Правен факултет „Јустинијан Први” и Вики Mладенова – Студентски пленум.

„Ослободи ја идејата“ е настан кој поттикнува младински идеи и учество преку претставување на седумте предлог идеи од финалистите на истоимениот натпревар. На настанот седум тима составени од млади луѓе ќе се натпреваруваат за најдобрата идеја. Победничката идеја ќе биде поддржана од организаторите „Младите можат“.

Настанот е од отворен карактер. Сите присутни на настанот ќе имаа можност да гласаат за една од идеите во финалето. На крајот на настанот ќе биде прогласена победничката идеја, а победникот ќе биде награден со 7 дневно патување во Грција.