Оркестар во Лос Анџелес ја спои музиката на Канје Вест и Бетовен

Дебитантски оркестар од Лос Анџелес се подготвува да изведе бесплатен концерт на кој ќе се свири комбинација од музиката на Канје Вест и Бетовен, закажан за 16 април.

Насловено како „Yeethoven“, шоуто опфаќа оркестарски комбинации на шест оригинални дела на Бетовен и шест песни од албумот на Канје „Yeezus“, од 2013 година.

Фондацијата за млади музичари „Колектив“ го најави настапот преку видео во кое се спојуваат „Blood On The Leaves“ и Петтата симфонија на Бетовен. Видеото погледнете го во продолжение.