Оригинални цртежи за издание на Тинтин од 1939 година продадени за повеќе од милион евра

Оригиналните цртежи за последните две страници од стрипот Тинтин: Жезолот на кралот Отокар се продаде за цена од 1,046 милиони долари, на аукција во саботата во Париз.

„Ова е втор пат издание на Тинтин да заработи повеќе од милион евра“, изјавил Ерик Лерој, експерт за стрипови, од француската аукциска куќа Арткуриал, за АФП.

Арткуриал процени дека продажбата во саботата ќе заработи меѓу 600000 и 800000 евра.

„Повеќе од милион евра, тоа е одличен резултат“, вели Лерој. „Универзумот на Ерже сѐ уште освојува“, додава тој, алудирајќи на уметникот кој го создал познатиот стрип.

Делата нацртани со сина водена боица, гваш и мастило биле дадени на продажба од „европски колекционер и долгогодишен фан“, рекол Лерој.

Стрипот „Жезолот на кралот Отокар“ е објавен во 1939 година, а е осмо продолжение на авантурите на Тинтин. Стрипот е смислен од Ерже како критицизам на Нацистичка Германија, а во него Тинтин помага да се симне од власт кралот на фиктивна централноевропска држава, на која ѝ се заканува агресивен сосед.

Извор: Guardian