„OrceTalks“ денес организира онлајн настан „Светлата страна на Ковид-19“

„OrceTalks“ денеска во 18 часот го организира четвртиот онлајн настан – дискусија за позитивните работи работи во време на пандимија.

Според Здружението, ова е нешто ново за секој од нив.

„Дали си забележал/а дека се прават поголеми зелени површини низ светот? А дали си видел колкави се денеска патеките за велосипедисти? И дали мислиш дека со видео-комуникацијата сме повеќе поврзани од кога било?“, велат од „OrceTalks“.

Од таму потенцираат дека овие и уште многу други прашања ќе бидат одговорени на настанот.

„Бројот на учесници е неограничен – пријави се и сподели со другарче!“, стои во најавата за настанот.

Сите заинтересирани можат да се пријават ОВДЕ.