Ораторска вечер “Иво Пухан“ вечерва на Правниот факултет

Денеска (9 декември) со почеток во 18:00 часот ќе се одржи седумнаесеттата Ораторска вечер ,,Иво Пухан”. Локацијата е традиционално – свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Овој настан го носи името на ценетиот експерт, професор по римско право Иво Пухан, кој на двапати ја извршувал функцијата декан на Правниот факултет во Скопје, а на двапати бил и проректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Ораторската вечер е од отворен тип и сите кои сакаат да ги слушнат говорите на младите оратори можат слободно да присуствуваат.