Општина Охрид со повик за ученички и студентски стипендии за лица со ретки болести и посебни потреби

Општина Охрид објави јавен повик за доделување ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети за лица со ретки болести и посебни потреби.

Во повикот, меѓудругото се наведува дека право на стипендија имаат лицата кои се жители на општината и кои се пациенти со ретки болести и посебни потреби категоризирани со наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфични потреби, издадено од центрите или други институции кои го утврдуваат тоа.

Износот на стипендијата изнесува 1.500 денари за учениците со ретки болести и посебни потреби во основно и средно образование и 3.000,00 денари за студентите, магистрантите и докторантите на државните и приватни универзитети

Стипендиите се доделуваат за 9 месеци во текот на учебната година, а ќе се исплатат во 2022 година, додаваат од Општина Охрид. Потребните документи заедно со изјавите пак, треба да се достават најдоцна 20 дена од објавувањето на повикот.