Општина Карпош објави повик за стипендии за талентирани ученици и спортисти

Општина Карпош ги објави конкурсите за доделување на стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти, кои учат во VIII и IX одделение во десетте општински основни училишта.

Стипендиите се во износ од 2.500 и 3.000 денари, во зависност од бројот на освоени бодови, а се доделуваат за седум месеци од учебната година.

Рокот за аплицирање на двата јавни огласи е заклучно со 20.11.2020 година (петок).

„Основната цел на локалната самоуправа е да ги мотивира младите луѓе да остваруваат уште подобри резултати и во тековната учебна година. Оваа година, наставата се одвива во навистина спефицични услови како резултат на ситуацијата со пандемијата со Ковид – 19. Сепак, учениците можат и преку комбинираната настава да ги покажуваат своите знаења, а нивниот труд да биде вреднуван“, велат од општината.

Документите треба да се достават до Архивата на Општина Карпош (барака 2) или по пошта на ул. „Радика“ бр.9 – Скопје, со назнака „За доделување стипендии за талентирани ученици/спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за 2020/2021 година“.

Условите и потребните документи можат да се видат на следниве линкови:

ЛИНК до Огласот за доделување на стипендии за талентирани ученици

ЛИНК до Огласот за доделување на стипендии за талентирани спортисти