Online Career Fair – шaнса за младите европски инженери

ИАЕСТЕ Онлајн Саемот на Кариера, настанот чиј формат е електронски (онлајн), започна денеска и ќе трае до 14 ноември, со стартувањето на веб-страната www.onlinecareerfair.eu.

– Ова е голема шанса на сите студенти по инженеринг како и тазе дипломираните да разгледаат виртуелни штандови на голем број на водечки фирми од сите области на инженерството со потекло од Централна и Западна Европа и да остават свое CV со можност за работа/пракса. Особено задоволство ни е што и токму УКИМ учествува со свој штанд како најпрестижна Високо – образовна институција во Република Македонија, се вели во најавата за настанот.

Сите дополнителни информации во врска со настанот можат да се најдат и на фејсбук страната на ИАЕСТЕ Онлајн Саемот на Кариера.