„Разбирање на нашите емоции во времето на KОВИД 19, за адолесценти и млади“ е темата на која денеска, со почеток во 17 часот, ќе зборуваат психолозите д-р Иво Куновски и д-р Гордана Николова. Сесијата ќе се одвива онлајн, преку апликацијата ЗУМ.
На настанот во живо може да се вклучат сите заинтересирани млади, преку интеракција во живо, каде експертите ќе бидат достапни за да одговорат на прашања, да споделат совети и совети за деца, млади и родители.
Притоа може да се пристапи преку следниот ЛИНК ( https://zoom.us/j/94984692609?pwd=NXFzcy9JelVTWW13WTZyWEtrWlJTQT09 ).
За да помогнат во справувањето со предизвиците кои доаѓаат поради избувнувањето на пандемијата на новиот коронавирус, УНИЦЕФ во партнерство со Министерството за здравство и Универзитетската клиника за психијатрија организираат серија видео сесии со совети од професионалци. Тие се наменети за деца, млади и родители. Сите детали за сесиите погледнете ги ТУКА.