Онлајн работилницата „Активизам во твоето маало“

Младински образовен форум отвора повик за учесници на онлајн работилница насловена како „Активизам во твоето маало“ која ќе се одржи на 7-ми (петок) и 10-ти (понеделник) август од 12:00 до 14:00 часот на платформата за видео комуникација ZOOM.

Учесниците на работилницата ќе стекнат знаења за базичните, елементарни алатки и клучните манипулативни техники на Фотошоп како алатка, но и како да креираат коцепт за компаративна претстава на одреден простор.

На работилницата ќе бидат изработени дизајни кои подоцна ќе бидат дел од онлајн кампања насловена како „Младински простор во секое маало“, чија цел ќе биде преку младински активизам да се подигне свеста за потребата за простор во кој младите од заедницата ќе може да разменуваат идеи, да творат и да се дружат слободно.

Повикот е отворен до 6-ти август (четврток) 2020 година, за сите млади на возраст од 15 до 20 години.

Доколку имате прашања обратете се на: pande_eftimov@mof.org.mk Бројот на учесници е ограничен, затоа побрзајте и пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/3Xm2iFQLKJK6esUo9

Работилницата е дел од Проектот за младинско изразување, финансиран од Европската Унија.