Онлајн обука за млади амбасадори на нови медиуми

Групата на Европската младина за промени (GEYC Resources Center) објави повик за онлајн обука за позицијата: „Амбасадор на Нови Медиуми” за период од 3 месеци.

Онлајн обука за млади амбасадори на нови медиуми

– Дали сте млада личност што презема иницијативи, сакате да создадете контакти со млади ентузијасти од целиот свет, да се здобиете со нови вештини од областа на: мултимедиа, односи со јавност, маркетинг на социјални медиуми?, се вели во повикот за обуката.

Краен рок за аплицирање е 15 Август а повеќе информации за начинот на аплицирање се достапни на следниот линк.