Онлајн настап на диџеј Тевидма и шест визуелни артисти

КСП Подиум-Јадро во Кавадарци во соработка со Bed Time Story, вечерва организираат онлајн настан на ДЏ Тевидма со уште шестмина визуелни уметници. Тој ќе започне во 21 часот и ќе се прикажува во живо на Јутјуб каналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци.

Тевидма е артист кој ги искажува хипнотичките и длабоките шумските звуци во берлинското техно. Тој се стреми кон совршен баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини, енергични средни тонови и интензивни мелодии во високите тонови.

Свој настап ќе има и Метхамил, артист кој активно и официјално пушта музика веќе 3 години, каде првиот значителен настан е во родниот град Кавадарци, па потоа следи неочекуван полет каде за краток временски период посетува повеќе прознаени фестивали како Nox Festival во Хрватска, Тиквешки гроздобер, Wake Up Festival,Frozen Festival, Bye Bye Summer Festival.

Визуелни артисти на настанот се: Марија Дичова Наумоска, Лина Дамјан, Томи Соколов, Габриела Дамјановска, Ема Велковска и Лорета Стефановска.

Настанот е дел од проектот „МОДЕЛИ НА ЈАВНО-ЦИВИЛНИ ПАРТНЕРСТВА: НОВ БРАН НА КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ ЗА КО-УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА“, 2021 година финансиран преку Министерство за култура.