Онлајн концерт на Јоана Ристеска

Денес, со почеток во 18 часот на ФБ страницата на КСП Центар -Јадро ќе може премиерно да се проследи соло концертот на гитаристката Јоана Ристеска.

Дел од изведбите на Јоана може да ги слушнете на „Soundcloud“, а неретко и на радиото канал 103.

Со концертот на Јоана започнува серијата на концерти во продукција на Центарот.