ОН: Расте ризикот од конфликти и недостиг на храна поради климатските промени

Климатските промени влијаат на сите делови од светот, а јазот меѓу последните научни студии за климатските промени и акцијата на владите за намалување на емисиите на стакленички останува голем, се наведува во последниот експертски извештај на Обединетите нации, а кој го пренесоа светските медиуми.

ОН: Расте ризикот од конфликти и недостиг на храна поради климатските промени

„Последните декади климатеските промени имаа влијание.. на сите континенти и океани“, пишува во извештајот кој беше објавен денеска во Јокохама, Јапонија, а кој всушност е најдеталниот ваков документ со научни податоци од последниот извештај на Меѓувладината експертска група во 2007 година.

Во него се разгледува веќе потврденото влијание на климатските промени, нивното влијание врз идните ризици и можните методи за адаптација, за секој континент посебно.  Притоа се посочува дека затоплувањето на климата води до повисок ризик од конфликти и проблеми со безбедноста на храната во 21 век.

„Веројатноста од тежок, долг и неповратен шок се зголемува со затоплувањето на климата“, нагласуваат експертите од Меѓувладината експертска група на ОН за климатски промени во извештајот.

Во документот се наведува дека населението на сиромашните земјите во јужниот дел на Земјата ќе ги претрпат главните негативни последици при климатските промени. Експертите акцент ставаат на зголемувањето на недостигот на вода и на храна, кои ќе доведат до зајакнување на миграцијата. На тој начин климатските промени индиректно ќе го зголемат ризикот од конфликти.

Експертите нагласуваат дека е потребен краткорочен план за ограничување на емисијата на штетни гсови, кои водат до глобално затоплување, а предупредуваат и дека ризиците стануваат се поголеми доколку температурите пораснат за четири степени, нешто што може да се случи до крајот на векот.

Сите последни случувања и реакции на оваа тема може да ги следите на Гардијан.