Околу 250 милиони луѓе во Медитеранскиот регион ќе живеат со недостиг на вода до 2040 година

Во Медитеранскиот регион, според сегашните проекции, до 2040 година, околу 250 милиони луѓе ќе живеат во услови на недостиг на вода, што е за 70 милиони повеќе луѓе отколку денес, објави Меѓународната унија за зачувување на природата (ИУЦН), пренесува „Данас“.

Зголемената побарувачка на земјоделието, индустријата, туризмот и урбаниот развој на Медитеранот ги потиснаа влажните подрачја на работ на одржливост, така што на подрачјето на тој регион во последните 50 години се изгубени речиси половина од преостанатите влажни подрачја, па за одржлива иднина е важно тие да се спасат, наведуваат од ИУЦН.

Прекумерната апсстракција на водата, од кои две третини се за земјоделието, го намали протокот меѓу 25 до 75 отсто во последните децении, а се предвидува дека во наредните 20 години достапноста на свежа вода ќе биде помала за 15 отсто.

Климатските промени за 20 отсто потешко го погодуваат Медитеранот отколку повеќето други делови на светот, ја влошуваат кризата, ги зголемуваат температурите, ги намалуваат дождовите и нагло ги зголемуваат поплавите, бурите, сушите и другите екстремни климатски настани.