Оглас за програмата Фулбрајт за академската 2015/2016 година

Министерството за образование и наука соопшти дека почна пријавувањето за студентската програма Фулбрајт за академската 2015/2016 година. Оваа заедничка програма на Стејт Департментот на САД и Владата на Република Македонија е наменета за постдипломски студии (визитинг студенти истражувачи и магистерски студии).

Оглас за програмата Фулбрајт за академската 2015/2016 година

Кандидатите треба да имаат диплома за завршено високо образование или да бидат запишани на постдипломски студии, да имаат познавање на англискиот јазик, да се граѓани на Република Македонија и/или да имаат дозвола за траен престој во Република Македонија.

Пријавите се пополнуваат на англиски јазик и се поднесуваат електронски на следниот линк.

– Во пријавата треба да биде доставен и образец за пријавување, детална изјава за предложената активност, детална биографија, три препораки, фотокопија од пасош, фотокопија од стекнат научен степен, односно копија од диплома за додипломски или магистерски студии или писмо со кое се потврдува дека кандидатот е запишан на докторски студии, како и копија на овие документи на англиски јазик, потврда за работен однос доколку кандидатот е вработен, информира МОН.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31 мај 2014 година.

Кандидатите кои ќе бидат избрани за интервју во Амбасадата на САД ќе треба да полагаат испит за познавање англиски јазик TOEFL. Оние, пак, кои ќе се пријават за програми за стекнување научен степен, ќе треба да полагаат GRE или GMAT испити, во зависност од полето на студии.

Повеќе информации за пријавување за студентската програма Фулбрајт, како и обрасци за пријавување, заинтересираните може да најдат на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk и на линковите:

http://macedonia.usembassy.gov/archives/archive-2014/fsc2015-16.html

https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/ или

http://fulbright.state.gov