Одложен почетокот на учебната година во Турција поради лоша туристичка сезона

Новата учебна година во турските училишта ќе започне на 28 септември, наместо на 14 септември, како што досега беше вообичаено, јавуваат турските медиуми. Одложувањето на учебната година беше побарано од туристичките работници, поради лошата туристичка сезона во земјата и претстојниот муслиманскиот празник Курбан бајрам, кога има неколку неработни денови за турските граѓани.

Одложувањето на учебната година властите го оправдваат со тврдењата дека ако децата бидат на одмор, ќе се задржат повеќе локални туристи во местата за летување. Во соопштението на Министерството за образование се наведува дека тие само одговориле на барањата на родителите , учениците и бизнисмените од туристичкиот сектор.

Во него се додава дека празнимата од две седмици ќе се надополни со тоа што ќе биде продолжен крајот на учебната година која ќе трае до 17 јуни, 2016 година.

Политичката и безбедносна ситуација во Турција, како и тероистичките напади годинава резултираа со значителен одлив на странски и домашни туристи од земјата.Според официјалните податоци, минатиот месец има пад на туризмот од 13.8 отсто.