Одбележување на Светскиот ден на бегалците во среда во Градски парк

На 20 јуни секоја година, светот ја одбележува храброста и издржливоста на бегалците од целиот свет.

По тој повод, повеќе организации кои работат со овие граѓани организираат отворен настан кој ќе се одржи во среда од 18 до 20 часот во Градскиот парк во Скопје.

Целта е да се испрати порака за солидарност со бегалците, лицата кои поради својата безбедност биле приморани да ги напуштат своите домови.

Ќе настапуваат бендовите JUNE (ЏУН), АнтиарТ (AntiarT) и Џез хорот Артизан. Дополнително, ќе се одржи и работилница за стрип, а ќе има и изложби на просторот пред Школка.

Настанот е отворен и бесплатен.