Од утре повторно важи бесплатниот превоз за средношколците

Од утре (1 септември) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Оттаму потсетуваат дека од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети.

Но, бесплатен превоз и понатаму нема да има за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела.