Од младите за младите – Активирај се!

Младински образовен форум го најавува настанот „Од младите за младите – Активирај се!“ организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој ќе се одржи во паркот во Венец 1, во Дебар на 13 август 2014 година, во 10 часот.

Од младите за младите – Активирај се!

Еднодневниот настан „Од младите за младите – Активирај се!“ има за цел:

-Обнова и оживување на паркот во Венец 1 кој во овој момент се наоѓа во многу лоша состојба;

-Активирање на младите и промовирање на волонтеризмот како важен сегмент на општеството;

-Зголемување на свеста на младите за јавните добра.

Во таа насока, покрај акција на која ќе се обноват постоечките реквизити во паркот (клупи, корпи за отпадоци, патеки и сл.), настанот ќе содржи јавна трибина на тема „Младитe и одржливо користење на јавните добра“ која ќе започне во 18 часот. На оваа трибина ќе се зборува и за волонтеризмот кај младите во Дебар.

Од младите за младите – Активирај се!