Од каналот „Студенчишта“ извадени купишта гуми, шишиња и разен отпад

Здружението на рекреативни риболовци и спортски клуб „Св. Апостол Петар“ од Охрид организираше акција за чистење на дел од каналот „Студенчишта“, објави ohridpress.

За време на викендот тука се одржува второто коло од охридската риболовна лига, а учество беше најавено на натпреварувачи на возраст од 7-77 години, од сите категории.

Како што пишува ohridpress, со акцијата дојде до израз некултура и негрижа за природните богатства. Од водата биле извадени над 70 надворешни автомобилски гуми, пластични шишиња и друг вид отпад.