„Од децата за Ели“ – хуманитарна акција на плоштад Македонија

Осумгодишниот Јован Дукмеџиев повторно свири гитара на плоштад „Македонија“ за да собере пари за својата другарка Ели, која боледува од ретка болест. Денес го придружуваат уште неколку деца, кои продаваат колачиња со инспиративни пораки.

Акцијата ќе трае до 14 часот.

Јован неодамна свиреше гитара на плоштадот и успеа да собере 8774 денари кои ги донирал на сметката за лекување на Ели.

Броеви за донирање се: 070/143-111, 077/143-775 и 075/143-114, а сметките се: денарска, 300001000024155, Комерцијална банка, Елена Додевска и девизна Dodevska Elena, IBAN: MK07300307063080823, BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X, KOMERCIJALNA BANKA.