Од 15 јули до 15 август се воведува делумна забрана за движење во шума

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари од 15 јули (сабота) до 15 август се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостанство.

Одлуката не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк-шумите, шуми со специјална намена, споменици на природата и слично.

Одлуката, исто така, не важи и за организирана група туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови и парк-шумите.

„Туристичката тура ќе биде во придружба на претставник од ЈП ‘Македонски шуми’, националните паркови и парк-шумите“, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.